Ata Ufuk Şeker
01 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата донесе одлука дека веб-страниците треба да добијат активна согласност од корисниците на интернет за зачувување на „веб колачињата“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот суд на правдата, највисокиот суд во ЕУ, со седиште во Луксембург, донесе одлука во врска со случајот за „веб колачињата“.
„Потребна е активна согласност од корисниците на интернет за зачувување на „колачињата“. Затоа, за добивање дозвола не е доволно претходно штиклирано поле“, се истакнува во одлуката.
Судот пресуди дека давателите на услуги треба да им обезбедат на корисниците информации за колку време се чуваат релевантните информации и дали трети лица можат да пристапат до нив.
„Колачињата“ се податоци кои ги користат веб-страниците за да ги идентификуваат веб-корисниците.