Yusuf Özcan
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер Едуард Филипе денес би требало да ја соопшти одлуката за суспензија за зголемување на данокот на гориво, кое претходните денови доведе до протести на француските граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските медиуми наведуваат дека постои можност за преземање други мерки.
Протестите на „Жолтите елеци“, кои се одржуваат од 17 ноември, прераснаа во општо негодување на Французите поради политиките на претседателот Емануел Макрон и неговата администрација.
Во нередите до кои дојде за време на протестите загинаа 3 лица, а 1.043 лица се повредени, меѓу кои 222 припадници на безбедносните сили. Приведени се 1.424 лица.
Протестите на „Жолтите елеци“ се причина за откажување и на посетата на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на Париз.
Извори од Европската комисија соопштија дека Јункер денес би требало да зборува пред пратениците на Националниот парламент на Франција, но состанокот е откажан поради протестите на „Жолтите елеци“.
Пролонгирана е и вечерата со францускиот претседател Емануел Макрон и претседавачот на Парламентот, Ричард Феранд.
Претседателот на Франција ја откажа и најавената посета на Србија.