Meryem Kasım
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БЕЈРУТ
Министерот за здравство на Либан, Ханад Хасан, информира дека бројот на загинати од експлозијата што се случи на пристаништето во Бејрут се искачи на 154 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Либанската официјална информативна агенција ННА (NNA) објави изјава на министерот Хасан кој информирал дека во експлозијата што во вторникот се случи на пристаништето во Бејрут, бројот на загинати се искачил на 154, а дека ранети се приближно 5.000 лица.
Истакнувајќи дека 20% од ранетите се под медицински третман во болниците, министерот Хасан изјавил: „Имаме 120 потешко повредени лица, сериозно повредени лица од парчиња стакло и оние кои треба да се оперираат.“
На 4 август избувна пожар по кој настана експлозија на магацинот број 12 на бејрутското пристаниште во кој се чувал експлозивен материјал. Силната експлозија го потресе цел Бејрут.
Либанските власти објавија дека 2.700 тони амониум нитрат, чувани во магацинот шест години, експлодирале при нивното товарење за да бидат транспортирани во една африканска земја.