Umur Koçak Semiz
25 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
МУЛТАН (АА) - Во Пакистан се преврте цистерна со гориво. По превртувањето цистерната се запалила, а во пожарот животот го загубија 122 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален пакистански претставник соопшти дека во близина на градот Бахавалпур се случила сообраќајна несреќа откако возачот на цистерна со гориво ја загубил контролата врз возилото.
Од превртената цистерна почнало да тече гориво. Населението од околните села почнале да го собираат горивото, но во еден момент избувнал пожар кој заробил голем број од локалното население.
Претставник на спасувачките екипи соопшти дека во пожарот животот го загубиле 122 лица, додека 76 се ранети.
Според претставникот на спасувачките екипи, поголемиот дел од ранетите се во тешка здравствена состојба и се стравува дека бројката на загинати може да се зголеми.
Се соопштува дека меѓу загинатите и повредените во пожарот има голем број на жени и деца.