Fekry Hamdy Fadl Abdeen,Hamdi Yıldız
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ДОХА (AA) - Светската унија на исламските научници ја осуди средбата на бројни функционери од арапските земји со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на конференцијта во Варшава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Светската унија на исламските научници со жалење ја прими информацијата за состанокот на големиот број функционери од арапските земји со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој ја окупира нивната Света земја, ги убива нивните деца, ги блокира нивните градови и ги јудаизира Палестина и Ерусалим, со помош на Соединетите Американски Држави (САД)“, се наведува во соопштението на социјалната мрежа Твитер.
Конференцијата „Министерска програма за промоција на иднината на мирот и безбедноста на Блискиот Исток“ е одржана во Варшава, Полска, на 13 и 14 февруари.
Во соопштението на Унијата се наведува дека функционерите на арапските земји кои присуствуваа на конференцијата, заборавиле што прави Израел во Ерусалим и на Западниот Брег.
Истакнувајќи дека Нетанјаху овие случувања ги нарекол „преодни точки во историјата“, во соопштението се наведува дека „Нетанјаху го прашал американскиот државен секретар да работи за зедничките интереси на Израел и Арапите“.
Организаторите на конференцијата, Полска и САД, претходно истакнаа дека на состанокот ќе се разговара за мирот и стабилноста на Блискиот Исток и за клучните прашања меѓу кои е борбата против тероризмот. Меѓутоа, изјавите на одредени високи американски и полски функционери доведоа до шпекулации за обид за формирање антииранска коалиција.