Zeynep Tüfekçi Gülay
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската унија на исламски научници реагираше на систематскиот расизам и дискриминација на муслиманите во Шри Ланка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава дадена од Унијата, генералниот секретар Али Мухјидин ал Карадаги упати повик до меѓународната заедница, исламскиот свет, организациите за човекови права за заштита на беспомошните народи.
Карадаги потсети дека Унијата има јасен став кој ги брани правата не само на муслиманите, туку и на сите луѓе во светот.
Осудувајќи го систематскиот расизам и дискриминација кон муслиманите во Шри Ланка, Карадаги повика да се застане пред оние кои шират говор на омраза против муслиманското малцинство, да се гарантираат правата и безбедноста на овие луѓе и да се почитуваат нивните верски симболи и практики.
Меѓу другото, Карадаги истакна дека треба да се живее со меѓусебно почитување и мир, и дека треба да се избегнуваат насилствата и говорот на омраза.
Министерката за јавна безбедност на Шри Ланка, Сарат Верасекаера, на 13 март објави дека ја потпишала директивата за забрана за носење бурки на јавни места.
Таа, исто така, истакна дека ако нерегистрираните медреси во земјата не ја направат потребната реорганизација, ќе бидат преземени чекори за нивно затворање.