свет

Светската програма за храна дистрибуираше брашно на семејствата погодени од глад во Хан Јунис

- Газа е под жестока израелска блокада и бомбардирање од октомври 2023 година, со десетици илјади убиени, а хуманитарните агенции предупредуваат на продлабочување на гладот.

Aida Cako  | 25.07.2025 - Обновена : 25.07.2025
Светската програма за храна дистрибуираше брашно на семејствата погодени од глад во Хан Јунис

СКОПЈЕ (АА) - Светската програма за храна (WFP) дистрибуираше скромни количини брашно на Палестинците погодени од глад во Хан Јунис, јавува Анадолу.

Газа е под жестока израелска блокада и бомбардирање од октомври 2023 година, со десетици илјади убиени, а хуманитарните агенции предупредуваат на продлабочување на гладот.

Според палестинското Министерство за здравство, од почетокот на војната, над 1.083 лица се убиени, а повеќе од 7.275 се ранети при обид да дојдат до храна на пунктовите за дистрибуција на помош.

Израел уби повеќе од 59.500 Палестинци, повеќето жени и деца, во Појасот Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја разори енклавата, го уништи здравствениот систем и доведе до сериозен недостиг на храна.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд за правдата за неговата војна во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.