свет

Сандерс: „Време да се фокусираме на Газа, а не само да се грижиме за насилството во кампусите“

- „Предлагам Си-Ен-Ен и можеби некои од моите колеги тука да заминат во Газа и да ни ги покажат изнемоштените деца кои умираат од неухранетост поради политиката на Нетанјаху. Покажете ни ги децата кои ги загубија рацете и нозете“, изјави Сандерс.

Diyar Güldoğan  | 02.05.2024 - Обновена : 03.05.2024
Сандерс: „Време да се фокусираме на Газа, а не само да се грижиме за насилството во кампусите“

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенатор Берни Сандерс вчера изјави дека вниманието треба да се насочи кон војната на Израел во Појасот Газа, а не на пропалестинските протести низ американските универзитетски кампуси, пренесува Анадолу.

„Време е да не се грижиме само за насилството што го гледаме во кампусите на американските колеџи, туку и да се фокусираме на насилството без преседан што го гледаме во Газа, каде што се убиени 34.000 Палестинци, а повеќе од 77.000 се ранети, од кои 70 отсто се жени и деца“, рече Сандерс во обраќањето пред Сенатот.

Универзитетот Колумбија во Њујорк е во фокусот на студентските протести од април, кои се проширија на десетици универзитети и колеџи низ САД, изразувајќи противење на израелската војна во Газа.

„Предлагам Си-Ен-Ен и можеби некои мои колеги тука да ги тргнат своите камери, само за момент, од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Калифорнија. Можеби да одите во Газа и ни ги покажете изнемоштените деца кои умираат од неухранетост поради политиката на Нетанјаху. Покажете ни ги децата кои ги загубија рацете и нозете. Покажете ни го страдањето кое се случува таму“, изјави Сандерс.

Осврнувајќи се на протестите низ кампусите на американските универзитети Сандерс рече дека ги осудува сите форми на насилство, без разлика дали од оние кои ја поддржуваат воената политика на Израел или оние кои се противат, додавајќи дека сите форми на нетрпеливост во САД мора да бидат осудени и елиминирани.

„Гледаме раст на антисемитизмот во оваа земја, кој сите мораме да го осудиме и да работиме да го запреме. Гледаме и раст на исламофобијата во оваа земја, која сите мораме да ја осудиме и запреме“, додаде тој и повтори дека „не е антисемитско“ да се сметаат Нетанјаху и неговата влада одговорни за своите постапки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın