Buğrahan Ayhan
28 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
РИЗЕ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека аплаудирањето за време на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес претставува помрачување на умот за Америка, известува Анадолу.
За време на посетата на градот Ризе сместен во северниот дел на Туркије, Ердоган зборуваше на средбата со претставници на граѓанското општество. Тој се осврна на неодамнешниот говор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го срамен.
„Простирањето црвениот тепих за некој како Нетанјаху, одење уште подалеку и аплаудирање на неговите лаги додека не им отечат рацете, претставува големо ментално помрачување за умот за Америка. Пред некој ден заедно ги гледавме тие срамни сцени што се случија во Претставничкиот дом на САД. Се засрамивме во име на човештвото пред она што го видовме“, рече Ердоган.
„Кога гледаме како луѓето му аплаудираат на (Нетанјаху) убиецот на 40.000 невини луѓе, загрижени се не само за човештвото, туку и за сопствена иднина“, рече Ердоган, и додаде:
„Кој може да гарантира дека оние кои денеска ја уништија Газа нема утре да ги свртат своите валкани очи кон Анадолија (Туркије).
Зборувајќи за палестинскиот претседател Махмуд Абас, Ердоган рече:
„Пред сѐ мора да се извини претседателот Абас, кој не дојде и покрај поканата. Го повикавме, но тој не дојде. Чекаме да видиме дали ќе дојде“.