свет

Самоубиствен напад врз автобус на Иранската револуционерна гарда: 27 мртви

Самоубиствениот напад на автобусот кој ги превезуваше вработените на Иранската револуционерна гарда (IRG) е изведен на патниот правец Захидан- Хеш.

Muhammet Kurşun  | 14.02.2019 - Обновена : 14.02.2019
Самоубиствен напад врз автобус на Иранската револуционерна гарда: 27 мртви

Tahran

ТЕХЕРАН (AA) - Бројот на загинатите во самоубиствениот напад врз автобус кој ги превезуваше вработените на Иранската револуционерна гарда (IRG) во покраината Систан и Белуџистан во Иран порасна на 27, јавува Anadolu Agency (AA).

Според наводите на иранската новинска агенција ИРНА во нападот загинале 27 војници, а ранети се 13.

Самоубиствениот напад на автобусот кој ги превезуваше вработените на Иранската револуционерна гарда (IRG) е изведен на патниот правец Захидан- Хеш

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот е изведен со автомобил бомба, додавајќи дека автобусот ги превезувал граничарите кои делуваат во рамките на Иранската револуционерна гарда.

Одредени извори наведуваат дека нападот е изведен со поддршка на „израелските и империјалистичките сили".

Гласноговорникот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Касеми за терористичкиот напад врз Иранската револуционерна гарда ги обвини регионалните земји.

„Децата на иранскиот народ сигурно ќе се освестат за овој напад", рече Касеми.

Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Џаиш ал-Адл (Војската на правдата) која тврди дека ги поддржува правата на сунитите во шиитскиот Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.