Hakan Çopur
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја усвои Нацрт-одлуката за прекин на помошта која Соединетите Американски Држави (САД) ѝ ја даваат на Саудиска Арабија во интервенциите во со војна зафатениот Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката е усвоена синоќа со 248 гласа „за“ и 177 гласа „против“.
Усвоената одлука во рок од 30 дена предвидува прекин на помошта која американскиот претседател Доналд Трамп ѝ ја пружа на Саудиска Арабија во интервенциите во Јемен.
Во следната фаза за истата одлука ќе се изјасни и американскиот Сенат.
Американските медиуми јавуваат дека одлуката ќе биде усвоена и од Сенатот, но дека нејзината имплементација ќе ја одбие американскиот претседател Трамп.
Истите извори јавуваат дека тоа би можело да претставува прв случај Трамп да го употреби правото на вето кое како шеф на државата го има врз одлуките на Конгресот.