Sayed Khodaberdi Sadat
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку четири лица загинаа а 15 се ранети во самоубиствениот напад извеен на Воздушната база Баграм во близина на авганистанската престолнина Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на гувернерството Парван Абдулвехид Сидики рече дека самоубиецот се инфилтрирал меѓу вработените на базата и дека ја активирал експлозивната направа при што загинале четири лица.
Од НАТО, кој ја користи базата во Баграм, потврдија дека во самоубиствениот напад загинаа четири лица. Одговорноста за нападот ја презедоа талибаните.