Mahmoud Barakat
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Девет цивили загинаа денес во воздушни напади на руските авиони, во сирискиот Алепо, изјави официјален претставник на про-опозициската цивилна одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 30 лица се повредени при напад на руските воени авиони врз населените области во селото Кфар Даел, изјави Беибарс Мешал, официјален претставник на цивилната одбрана за Anadolu Agency.
Тој рече дека меѓу загинатите лица во нападот се наоѓале и три деца.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, убиени се над 400.000 лица, а над 10 милиони се раселени.