Sayed Khodaberdi Sadat
02 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
КАБУЛ
Во северниот дел на Авганистан, во провинцијата Кундуз извршен е самоубиствен напад во кој животот го загубија 6 претставници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Насрат Рахими, во изјава за новинарите рече дека напаѓачот ја активирал бомбата што ја носел на себе меѓу претставниците на полицијата, во подрачјето на Сехдерек, во центарот на Кундуз.
Рахими информираше дека во нападот животот го загубиле 6 претставници на безбедносните сили, а ранети се 15 лица, меѓу кои имало и цивили.
Талибанците, кои ја презеле одговорноста за нападот, тврдат дека во нападот загинале 21 претставник на безбедносните сили.