Sayed Khodaberdi Sadat
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Во јужниот дел на Авганистан, во градот Лашкаргах, сместен во областа Хелманд, изведен е самоубиствен напад со возило-бомба, во кој според првичните процени животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на областа Хелманд, за АА изјави дека напаѓачот со возило полно со експлозив се втурнал во воениот конвој што минувал низ центарот на градот.
Портпаролот соопшти дека според првичните процени, во нападот животот го загубија 5 лица, а 25 се ранети.
Во соопштението од вработените во болницата во Лашкаргах, 42 лица се згрижени на болничко лекување.
Во нападот се оштетени 3 воени возила. Се стравува дека е можно да се зголеми бројот на загинатите.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.