Sayed Khodaberdi Sadat
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад кој е извршен во авганистанската провинција Кандахар, животот го загубија 12 претставници на безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот генерал Абдул Разик за АА изјави дека самоубиец со возило полно со експлозив влетал во зградата на управителот на областа Маруф во Кандахар.
Генерал Разик изјави дека во нападот загинале 12 припадници на безбедносните сили, а четворица се ранети.
И талибанската страна издаде соопштение во коешто се тврди дека по нападот е преземена контрола над центарот на областа.