Diyar Güldoğan
09 Септември 2023•Ажурирај: 10 Септември 2023
Њу ДЕЛХИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган и неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, се состанаа денес во Њу Делхи, главниот град на Индија, известува Анадолу.
Состанокот се одржа зад затворени врати, на маргините на самитот на Г20, во главниот град на Индија.

Иако ОАЕ не е членка на Г20, претседателот на Индија ги повика и лидерите на Бангладеш, Холандија, Нигерија, Египет, Маурициус, Оман, Сингапур, Шпанија и ОЕА да присуствуваат на Самитот.
Ердоган во јули ги посети ОАЕ во рамките на заливската турнеја, посетувајќи три земји, со цел јакнење на регионалните врски.