Ali Kemal Akan
15 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
БАЛИ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган во рамките на самитот на Г-20 во Бали се состана со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата лидери се состанаа во Апурва Кемпински, каде што се одржува самитот. Средбата беше затворена за медиумите.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Нуредин Небати, министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, шефот на Дирекцијата за комуникации во Кабинетот на претседателот на Туркије Фахретин Алтун и портпаролот на Кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.
Групата 20 ја сочинуваат 19-те најразвиени земји во светот и Европската унија.