Kasım İleri
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) најавија дека ќе ѝ дадат на Украина дополнителни 275 милиони долари помош во оружје, вклучувајќи ги ракетните системи ХИМАРС и дроновите „Феникс гоуст“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, за новинарите изјави дека четири артилериски ракетни системи со високи перформанси (ХИМАРС) и 36.000 полнења за ХИМАРС, кои ќе чинат 175 милиони долари, ќе бидат повлечени од инвентарот на војската и испратени во Украина, со овластување на американскиот претседател Џо Бајден.
Кирби исто така рече дека од буџетот на Пентагон ќе обезбедат 580 тактички беспилотни летала „Феникс гоуст“ во вредност од 100 милиони долари.
Нагласувајќи дека ќе продолжат на Украина да ѝ пружаат помош во оружје во наредните недели и месеци, Кирби рече дека откако американскиот претседател Џо Бајден стапил на должноста, на Украина ѝ дале воена помош во вредност од 8,2 милијарди долари.
Одговарајќи на прашањето за можна операција на Туркије во Сирија, Кирби рече дека имаат загриженост околу ова прашање и дека САД ја пренеле таа загриженост на турските власти.