Merve Berker
07 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Потпретседателката на Соединетите Американски Држави (САД), Камала Харис, денес вети над 1,9 милијарди долари приватни средства за решавање на основните причини за миграцијата од Средна Америка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на Самитот на Америка, што од 6 до 10 јуни се одржува во Лос Анџелес, Харис рече дека фондот ќе се користи во „новите обврски на приватниот сектор за создавање економски можности во северниот дел на Средна Америка“.
Белата куќа наведе дека тој фонд ќе пружа американска стратегија за решавање на основните причини за миграција, стратегија што Харис ја започна во јули 2021 година и која ги усогласува напорите на САД за справување со економските, менаџерските и безбедносните двигатели на илегалната миграција од Средна Америка.
„Вкупните обврски во рамките на оваа инцијатива изнесуваат повеќе од 3,2 милијарди долари“, се додава.
На Самитот не присуствуваат претседателот на Мексико, Андрес Манел Лопез Обрадор, но и претседателите на други земји, бидејќи САД не ги повикаа на самитот Венецуела, Куба и Никарагва.