Dildar Baykan
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) го усвои извештајот за истрага за отповикување на Трамп од функцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извештајот беше одобрен со 13 гласа „за“ на демократските пратеници, наспроти 9 гласа „против“ на републиканските пратеници.
Со одобрувањето на извештајот, истрагата за отповикување беше формално доставена до Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
- Што содржи извештајот?
Во извештајот од 300 страници објавен денес од страна на Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на демократите, се истакнува: „Постојат јасни докази дека Трамп ја користел својата функција за да изврши притисок врз властите на Украина да покренат истрага за неговиот политички ривал Џо Бајден.“
Во исто време, вреди да се напомене дека Трамп се товари за две работи, Воената помош за Украина и средбата во Белата куќа условена со тоа да бидат објавени истрагите што ќе бидат од корист за изборната кампања 2020 година.
Доколку Одборот за правни прашања го одобри извештајот, ќе се оди на општо гласање.
Утре се очекува да се одржи првата седница на Одборот.
Во согласност со законите на САД, доколку барањето за отповикување биде прифатено од Одборот за правни прашања како резултат на извештајот за истрага подготвен од релевантните комитети, тој ќе биде ставен на гласање во Генералното собрание на Претставничкиот дом.
Доколку извештајот биде одобрен од мнозинството членови на Претставничкиот дом, тогаш ќе оди во Сенатот, каде што републиканците имаат мнозинство, и ќе започне судскиот процес за американскиот претседател Трамп.
- Истрагата за импичмент Трамп -
Според тврдењата на свиркач (информатор), во телефонскиот разговор на 25 јули Доналд Трамп на украинскиот претседател, Владимир Зеленски, му рекол дека САД ќе ѝ помогнат на неговата земја доколку започне истрага за Џо Бајден и неговото семејство.
Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, на 24 септември соопшти дека започнале процес за импичмент на Трамп со образложение дека „наштетува на националната безбедност на САД“ и дека ја „изневерил претседателската заклетва“.
Белата куќа на 25 септември го објави транскриптот од телефонскиот разговор Трамп - Зеленски во кој се тврди дека не станало збор за помош за Украина.
На 31 октомври, Претставничкиот дом гласаше за постапките на истрагата за импичмент и одлучи да одржат јавни расправи. Јавните сесии на Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом се одржаа од 13 до 21 ноември.
Трамп уште од првиот ден тврди дека тоа е „лов на вештерки на демократите кои не успеаја да пронајдат ништо во истрагата за Русија“.