Muhammet Tarhan
25 Март 2023•Ажурирај: 26 Март 2023
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 14 лица загинаа од торнадото и силните грмотевици што ја зафатија американската сојузна држава Мисисипи, известува Анадолу.
„Еј-би-си њуз“ објави дека локалните и сојузните официјални лица соопштиле дека од разорното торнадо настрадале голем број лица низ Мисисипи.
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Мисисипи издаде бројни предупредувања за торнадо во окрузите низ државата, додавајќи дека операциите за пронаоѓање и спасување продолжуваат во окрузите Шарки и Хамфриз.
Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, на социјалната мрежа Твитер објави дека ангажирале медицинска поддршка за погодените од торнадото, го зголемиле бројот на возила на итната помош и други возила, и додаде дека се спроведуваат активности за пронаоѓање и спасување.
Локалните официјални лица ставуваат од можноста за зголемување на бројката на загинати.