свет

САД тестираа крстосувачка ракета по напуштањето на ИНФ Договорот

Ракетата е лансирана во неделата во 14:30 часот по Пацифичко време, краток период откако Вашингтон го напушти Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), претходно овој месец

Umar Farooq  | 20.08.2019 - Обновена : 21.08.2019
САД тестираа крстосувачка ракета по напуштањето на ИНФ Договорот

ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) спроведоа тестирање на конвенционална крстосувачка ракета лансирана од копно, соопшти американското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пентагон успешно го спроведе тестот на островот Сан Николас, во сојузната американска држава Калифорнија.

Ракетата е лансирана во неделата во 14:30 часот по Пацифичко време (2130 GMT), краток период откако Вашингтон го напушти Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), претходно овој месец.

Овие ракети во рамките на договорот беа забранети.

„Ракетата излезе од мобилниот лансер на копното и прецизно ја погоди целта по лет од над 500 километри“, се вели во соопштението на Пентагон.

„Податоците собрани и научените лекции од ова тестирање ќе го информираат Министерството за одбрана за развивањето на идните можности на (ракетите) со среден дострел“, се додава во соопштението.

Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), кој беше потпишан помеѓу САД и Советскиот Сојуз во 1987 година, беше гледан како камен темелник на европската безбедност во периодот по Студената војна. Тој ги спречуваше двете страни да поседуваат или тестираат проектили кои се лансираат од копно со дострел помеѓу 500 до 5.500 километри.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот октомври соопшти дека САД ќе излезат од Договорот, обвинувајќи ја Москва за негово прекршување.

Повлекувањето на САД започна во февруари, кога беше инициран рок од шест месеци за враќање на страните во рамките на договорот.

Еден ден откако САД формално го објавија повлекувањето од договорот, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека Вашингтон сака да распореди конвенционални ракети со среден дострел во Пацификот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.