Diyar Güldoğan
02 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон денес соопшти за дополнителна воена помош од 425 милиони долари за Украина, јавува Анадолу.
Пентагон објави дека пакетот е шеесет и деветтата транша опрема што ѝ се обезбедува на Украина од страна на администрацијата на Бајден од август 2021 година.
Пакетот „ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни капацитети за задоволување на нејзините најитни потреби - пресретнувачи за противвоздушната одбрана; муниција за ракетните системи и артилерија; оклопни возила и противтенковско оружје“, истакна Пентагон.
Тоа се случува откако американски официјални претставници соопштија дека Северна Кореја испратила 10.000 војници во Русија за да војуваат против Украина.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во регионот Курск, во близина на украинската граница. Тој рече дека очекува тие да се вклучат во војната против Украина во „наредните денови“.