Övünç Kutlu
14 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Претставниците на Републиканската партија во американскиот Сенат вчера го преставија ревидираниот закон за здравствена заштита, во настојувањето да добијат дополнителни гласови за укинување и замена на Законот за пристапна заштита (ACA), познат како Обамакеар, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на промените е да се намалат трошоците за осигурување на корисниците, така што ќе се обезбедат нови средства во наредните седум години за поединците што се корисници на Обамакеар.
Новиот предлог-закон вклучува дополнителни 70 милијарди долари над првобитните 112 милијарди, за да се намалат премиите за осигурување и да се остварат претходните планови за укинување на даноците на богатите Американци, вклучени во Обамакеар.
И покрај измените, републиканските сенатор Сузан Колинс и Ренд Пол не беа задоволни од новиот предлог и изразија загриженост.
„Подготвени сме да работиме со партиските колеги и со демократите да ги поправиме сите грешки во ACA“, порача Колинс преку „Twiter“ (Твитер), додавајќи дека таа ќе гласа „не“.
Пол, исто така, преку „Twitter“ упати критики на сметка на новиот предлог.
„Запознајте го новиот закон, ист како и претходниот, но со пома данок, поголема потрошувачка и поголема финансиска поддршка“.
На Републиканците им се потребни 50 гласа за новиот предлог-закон да помине во Сенатот и не можат да си дозволат да ги изгубат гласовите од Колинс и Пол.