Ayşe Hümeyra Atılgan
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ДАМАСК (АА) - Армијата на сирискиот режим изврши напад, наводно со отровен гас, во селото Аин Taрма во источна Гута, вчера доцна навечер, јавува Anadolu Agency (AA)
Амар Ахмед, член на локалниот Координативен комитет на Сирија, пренесе дека силите на режимот извршиле напад со гас во Аин Taма, место коешто е под нивна опсада во последните четири години.
„По нападот беа хоспитализирани десет борци на опозициските сили“, вели Ахмад.
Медицински извори потврдија дека силите на сирискиот режим извршиле напад со неидентификуван гас. Најмалку пет жртви имаа напад на повраќање и вртоглавица, вели изворот кој сакаше да остане анонимен.
Сирија е зафатена од голема граѓанска војна од 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад се обиде да ги задуши продемократските протести.
Според податоците на Обединетите нации, во судирите загинаа стотици илјади луѓе, а милиони се раселени.