Mücahit Oktay
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Протести се одржаа во повеќе сојузни држави во САД поради неизвесноста на 59. претседателски избори до која дојде и дискусиите во врска со гласовите пратени по пошта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите веќе втор ден се на улиците низ земјата, пред сѐ во Њујорк, Филаделфија,Чикаго и Лос Анџелес.
Поддржувачите на демократите излегоа на улиците во две различни зони во Њујорк каде што демократскиот кандитат Џо Бајден извојува победа. Откако дадоа изјава за медиумите во близина на Кулата „Трамп“, почнаа да маршираат низ улиците.
Демонстрантите го затворија за сообраќај патот близу плоштадот „Унија“. Тука тие се соочија и со полициска интервенција, при што беа приведени бројни демонстранти.
Меѓу другото, демонстрантите во градовите како Филаделфија, Детроит и Чикаго, организираа мировни маршови извикувајќи пароли како „Бројте ги сите гласови!“. Ситуацијата ескалира во Мичиген која е една од клучните сојузни држави за конечниот исход на претседателските избори.
За време на демонстрациите во Лос Анџелес, се случија приведувања, а откако полицијата презеде мерки, денеска беше организиран мирен марш.
Во градот Минеаполис каде што Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од страна на полицијата, демонстрантите го затворија автопатот „I-94“, а потоа беа приведени.
Меѓу другото, група од 30 луѓе во градот Балтимор кој се наоѓа во сојузната држава Мериленд, одржаа мировни демонстрации за тоа што републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи предвремена победа.
Полициската дирекција во Вашингтон соопшти дека четири лица се приведени поради непочитување на правилата во врска со демонстрациите, и за кривичните дела „поттикнување напад и насилство“.
Во градот Детроит кој се наоѓа во сојузната држава Мичиген каде што Републиканската партија бара повторно пребројување на гласовите, група републикански гласачи се расправаа со властите кои не им дозволија да влезат во центарот за броење гласови.
Се очекува демонстрациите да продолжат во поголем број градови.