Dildar Baykan
19 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
ВАШИНГТОН (AA) - Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани да не се впуштаат во меѓународни патувања и побараа од оние кои се наоѓаат во странство веднаш да се вратат, повикувајќи се на заканата од глобалнаа пандемија на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стејт Департментот на Американците во земји каде се достапни можности на комерцијално заминување им порача веднаш да се вратат во САД освен доколку се спремни да останат во странство на неодредено време, што претставува потенцијален знак дека САД наскоро потполно ќе ги затворат своите граници.
„Доколку се одлучите за меѓународно патување, вашите планови на патување можат да бидат сериозно пореметени, а можеби ќе ве присилат да останете надвор од САД на неодреден временски период", наведе агенцијата на САД за надворешни работи во прогласување на четвртото ниво на предупредување за глобални патувања.