Kasım İleri
07 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Командата на Соединетите Американски Држави (САД) во Африка (AFRICOM) соопшти дека се повлечени американските војници од Либија, по судирите во околината на либискиот главен град Триполи, кои се случија меѓу силите лојални на генералот Халиф Хафтер и силите на Владата на национално единство, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Поради зголемените тензии во Либија, привремено се повлечени американските сили кои се наоѓаа во земјата, со цел поддршка за Командата на САД во Африка“, се вели во соопштението на АФРИКОМ.
Се нагласува дека мисијата на АФРИКОМ е давање воена поддршка на дипломатските мисии, борба против тероризмот и развивање на партнерството со Владата на национално единство.
„АФРИКОМ ќе продолжи да ги следи условите во Либија“, се вели во соопштението, и се додава дека командантот на АФРИКОМ, Томас Валдхаусер, истакнал оти и покрај повлекувањето на војниците, во Либија ќе продолжи американската стратегија на АФРИКОМ.
„Безбедносните факти во Либија континуирано стануваа сѐ покомплексни“, рече Валдхаусер.