Mahmoud Barakat
07 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АМАН (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ја осуди неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на израелскиот суверенитет над Ерусалим и Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја осудуваме нелегитимната одлука на САД за Голанската Висорамнина и за Ерусалим“, истакна Лавров по средбата со својот јордански колега Ајман Сафади во Аман.
Лавров, исто така, рече дека со претставниците на Јордан разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток и додаде дека е загрижен за случувањата на палестинските територии.
„Русија и понатаму го поддржува решавањето на кризата врз основа на воспоставување на две независни држави. Сите други пристапи нема да дадат добри резултати“, нагласи Лавров.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна потпиша декрет со која Голанската висорамнина ја призна како израелска територија.
Израел окупира две третини од сириската Голанска Висорамнина во текот на шестдневната војна во 1967 година, а анексија на подрачјето е прогласена во 1981 година. Според меѓународното право, Голанската Висорамнина има статус на окупирана територија преку конфликт.
Претходно, Трамп го прогласи и Ерусалим за израелска суверена територија и ја пресели американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим.