свет

САД: При патувањата со „Убер“ за 2 години доживеани 5.981 сексуален напад

Компанијата за првпат објави извештај за доживеаните безбедносни проблеми при транспортот на патниците во САД преку својата мобилна мрежа

Emre Aytekin  | 06.12.2019 - Обновена : 08.12.2019
САД: При патувањата со „Убер“ за 2 години доживеани 5.981 сексуален напад

АНКАРА (АА) - Американската меѓународна компанија „Убер“ (Uber), која преку мобилна апликација врши транспортни услуги, информираше дека во периодот од 2017 до 2018 година, при спроведувањето на зададените услуги се извршени 5.981 сексуален напад, има 19 случаи на убиства, а 107 лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Компанијата за првпат објави извештај за доживеаните безбедносни проблеми при транспортот на патниците во САД преку својата мобилна мрежа.

Во извештајот што ги опфаќа 2017 и 2018 година се вели дека во текот на 2,3 милијарди патувања со возилата на „Убер“ (Uber), во 2017 година имало 2.936 случаи на сексуални напади, а во 2018 година 3.045 сексуални напади. При сексуалните напади, во 2017 година имало 229 случаи на силувања, а во 2018 бројот на силувања изнесувал 235.

- Во текот на 2 години животот го загубија 126 лица -

Во извештајот се наведува дека во 2017 година имало 10, а во 2018 година 9 убиства. Покрај тоа, во сообраќајните несреќи со овие возила во 2017 загинале 49 корисници на услугите, додека во 2018 година таа бројка изнесува 58.

Во извештајот се истакнува дека споредувајќи го процентот на убиствата и смртноста во сообраќајните несреќи на возилата на „Убер“ (Uber) со оние во транспортот и моторните возила на национално ниво во САД, компанијата го брани ставот дека тие бројки се многу помали, соопштувајќи дека минатата година во САД во смртоносни несреќи загинале 36.000 лица, вклучувајќи ги и несреќите со моторни возила. Во 2017 година во САД се регистрирани 20.000 убиства.

- Лиценцата во Лондон не е обновена од безбедносни причини -

Единицата „Transport For London“ (TfL), одговорна за услугите во јавниот транспорт во Лондон, соопшти дека поради безбедносни проблеми нема да ја продолжи работната дозвола на „Убер“ (Uber) што истече минатиот месец.

Во соопштението што го даде оваа институција се наведува дека во составот на компанијата „Убер“ (Uber), за која во Лондон работат 45.000 возачи, редовно имало погрешни практики, а возачи кои немале работни дозволи ги поставувале своите фотографии на профилите на други возачи и управувале со возила, потенцирајќи дека на тој начин за кус период биле извршени 14.000 илегални возења.

Во соопштението се истакнува дека возачите чија работа била забранета од страна на ревизорските институции, преку „Убер“ (Uber) отворале нови профили и повторно работеле, загрозувајќи ја на тој начин безбедноста на патниците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.