Michael Hernandez
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - САД ќе пратат додатни 3.000 војници во Авганистан, соопшти вчера американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис на прес-конференцијата во Пентагон изјави дека поголемиот дел од војниците се веќе на пат за Авганистан.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец ги отвори вратите за зголемување на бројот на американски војници во Авганистан, во склоп на новата стратегија за тој регион, ветувајќи борба до победа.
Моментално во Авганистан се ангажирани 11.000 американски војници кои воглавно вршат обука на авганистанските војници и учествуваат во борбата против терористите на ДЕАШ.