Michael Gabriel Hernandez
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) испорачаа повеќе од половина од 90-те парчиња од артилериското оружје хаубици наменети за Украина, а уште повеќе се на пат, објави Пентагон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Џон Кирби за новинарите изјави дека над 50 украински борци завршиле обука за хаубиците М777 претходно оваа недела, а друга група војници се очекува наскоро да започне со обука, ако веќе не започнале.
Сите тренинзи се одржани надвор од Украина.
Најмалку 2.787 цивили загинаа, а 3.152 се повредени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според проценките на Обединетите нации (ОН). Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Досега, 7,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а над 5,3 милиони избегале во други земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.