Aida Cako
14 Мај 2025•Ажурирај: 15 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Силни поплави го погодија градот Вестернпорт во Округот Алегани, во американската сојузна држава Мериленд, по интензивните врнежи од дожд, поради што итните служби координирано реагираа рано утринава, јавува Анадолу.
Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, изјави дека државните и локалните власти активно реагираат на ситуацијата и во погоденото подрачје распоредени се единици на Државната полиција на Мериленд, полицијата на Одделот за природни ресурси, како и нуркачки тимови.
„Внимателно ги следиме условите низ Западен Мериленд поради обилните дождови, особено во Округот Алегани“, наведе Мур во соопштението на Фејсбук.
Одделот за управување со вонредни состојби на Мериленд го подигна статусот на Центарот за вонредни операции за да го поддржи дејствувањето, а гувернерот Мур изјави дека по потреба ќе биде обезбедена дополнителна поддршка.