Rabia İclal Turan
25 Септември 2024•Ажурирај: 25 Септември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Група од 103 американски пратеници ја повикаа администрацијата на Бајден да спроведе независна истрага за убиството на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги од страна на израелските сили на окупираниот Западен Брег претходно овој месец, јавува Анадолу.
Во писмото пратено вчера до претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и до државниот обвинител Мерик Гарланд пратениците побараа темелна, веродостојна и транспарентна истрага за убиството на Ејги.
„Со оглед на доказите, сметаме дека Соединетите Американски Држави мора независно да истражат дали ова е убиство“, се вели во писмото. „Да се продолжи без да се постават дополнителни прашања им дава на израелските сили неприфатлива дозвола да дејствуваат неказнето. Мора да има одговорност за смртта на г-ѓа Ејги.“
„Оваа истрага треба да ги вклучи сите пронајдени докази и образложението за тоа како се утврдени наодите во писмениот извештај до семејството“, се додава во писмото.
Писмото беше потпишано од истакнати членови на Конгресот, меѓу кои Адам Смит, Прамила Џајапал, Рашида Тлаиб, Барбара Ли, Џамал Бауман, Ро Кана и сенаторите Берни Сандерс и Питер Велч.
Ејги (26), турско-американска државјанка, беше убиена од израелските сили на 6 септември за време на мирен протест против илегалните еврејски населби во близина на Наблус, на окупираниот Западен Брег.
Прелиминарната истрага на израелската армија покажа дека Ејги „многу веројатно“ била погодена „индиректно и ненамерно“ од израелски оган што го таргетирал главниот поттикнувач за време на протестот.
Сепак, видеодоказите и изјавите на очевидците се во спротивност со израелската верзија за настанот. Неодамнешниот извештај на „Вашингтон пост“ откри дека Ејги била застрелана по повеќе од 30 минути по завршувањето на конфронтациите во Беита и околу 20 минути откако демонстрантите се преместиле на речиси 180 метри подолу по главниот пат, подалеку од израелските сили.
Семејството на Ејги вели дека таа била убиена во целен напад и ја повика американската Влада да започне независна истрага за нејзиното убиство, слична на онаа што ја спроведуваат турските власти.
Ејги, родена во Анталија, Туркије, во 1998 година, се преселила во САД со своето семејство кога била бебе и во јуни дипломирала на Универзитетот во Вашингтон, каде што студирала психологија и јазици и култури од Блискиот Исток.
Таа отишла на Западниот Брег како активистка за човекови права, волонтер на Меѓународното движење за солидарност, кое ги поддржува Палестинците преку мирни и цивилни средства против израелската окупација на палестинските територии.
Сепак, видео доказите и изјавите на очевидците се во спротивност со израелската верзија за настанот. Неодамнешниот извештај на „Вашингтон пост“ откри дека Ејги била застрелана повеќе од 30 минути по завршувањето на конфронтациите во Беита и околу 20 минути откако демонстрантите се префрлиле на речиси 180 местри подолу по главниот пат, подалеку од израелските сили.
Семејството на Ејги вели дека таа била убиена во целен напад и ја повика американската влада да започне независна истрага за нејзиното убиство, слична на онаа што ја спроведуваат турската власти.
Eygi, born in Antalya, Türkiye in 1998, moved to the US with her family when she was an infant and graduated in June from the University of Washington, where she studied psychology and Middle Eastern languages and cultures.
She went to the West Bank as a volunteer with the International Solidarity Movement (ISM) to support and safeguard Palestinian farmers and was killed by Israeli forces three days after her arrival.