Islam Doğru
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Против 15-годишниот Итан Крамбли, осомничениот за оружениот напад во средното училиште во американската сојузна држава Мичиген, во кој животот го загубија 4 лица, поднесено е обвинение за убиство и тероризам, известува Агенција Анадолија (АА).
Јавната обвинителка Карен Мекдоналд на областа Оукленд одржа прес-конференција на која изјави дека Крамбли ќе биде кривично гонет како полнолетно лице под обвинение за тероризам и четири убиства од прв степен со смртни последици.
Обвинителката Мекдоналд изјави дека осомничениот се соочува и со седум обвиненија за напад со намера за убиство и поседување 12 огнени оружја, нагласувајќи дека на овие обвиненија може да се додадат нови.
Истакнувајќи дека дигиталните докази што ги собрала полицијата покажале дека нападот бил однапред планиран, обвинителката Мекдоналд не сподели никаква информација зошто Крамбли го извршил нападот.
Во нападот изведен со полуавтоматско оружје претходниот ден напладне во Средното училиште „Оксфорд“, на околу 50 километри северно од Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, животот го загубија 4 лица, а 7 се повредени.
Полициската екипа СВАТ од воздух со хеликоптер интервенирала во училиштето и го фатила осомниченото 15-годишно момче, а учениците во училиштето биле евакуирани.
Властите информираа дека сличен напад во Мичиген немало речиси 40 години.