Ekipa
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ХАСЕКЕ/АЗЕЗ (АА) - ЕКИПА -
Соединетите Американски Држави (САД) и Франција се подготвуваат во северниот дел на Сирија да го користат Сирискиот курдски национален совет (ENKS) како параван за да отворат простор за промоција на ЈПГ/ ПКК на меѓународната арена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА од опозициските курдски групи, САД и Франција се појавиле со ново барање во преговорите меѓу ЈПГ/ПКК и Сирискиот курдски национален совет (ENKS), каде што се посредници веќе некое време.
САД и Франција побараа од Сирискиот курдски национален совет (ENKS) да ја напушти Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили (SMDK).
За таа цел, САД и Франција го задолжија претседателот на Регионалната администрација на ирачките Курди (IKBY), Нечирван Барзани, кој е најголем поддржувач на Сирискиот курдски национален совет (ENKS).
САД и Франција му предлагаат на Сирискиот курдски национален совет (ENKS) доколку ја напушти Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили (SMDK), и со тоа оваа чадор организација ќе го изгуби својот капацитет да ги претставува Курдите. На тој начин единствениот претставник на Курдите ќе биде новата структура што ќе биде основана на северот на Сирија.
Планот ѝ дава можност на ЈПГ/ПКК со новата структура што ќе ја основа со Сирискиот курдски национален совет (ENKS) да учествува во политичките процеси на меѓународната сцена, каде што досега не беше вклучена.
Од друга страна, Сирискиот курдски национален совет (ENKS) вчера објави дека тврдењата дека ја напуштил Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили (SMDK) не се точни.
- Како проблем остана враќањето на Пешмергите -
Преговорите, кои траат околу еден месец во покраината Хасеке, што е под окупација на ЈПГ/ПКК, се одвиваат помеѓу делегациите утврдени од еден од водачите на терористичката ЈПГ/ПКК, Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, и претседателот на Регионалната администрација на ирачките Курди (IKBY), Нечирван Барзани.
Особено со иницијативите на администрацијата на САД, Франција и Ербил, терористичката ЈПГ/ПКК ги исполни условите како што се отворање работни канцеларии за Сирискиот курдски национален совет (ENKS), ослободување на припадниците на овој совет кои се приведени, како и нивно слободно движење во регионот.
За време на преговорите што се интензивираа со иницијативите на САД и Франција изминатата недела, страните во голема мерка се договорија за основање на таканаречената Заедничка управа.
Како проблем остана само враќањето на Пешмергите, поврзани со Сирискиот курдски национален совет (ENKS) од северен Ирак, во областа под окупацијата на ЈПГ/ПКК.
Според информациите на АА добиени од извори што учествуваат во преговорите, прашањето за враќање на Пешмергите засега е одложено, а донесена е одлука што поскоро да се стави во функција таканаречената Заедничка управа.
По окупацијата на северот на Сирија, ЈПГ/ПКК ги блокираше активностите на припадниците на опозицискиот Сириски курдски национален совет (ENKS), ги исчисти неговите вооружени елементи и уапси многу негови политички членови. Терористичката организација ги затвори и канцелариите на Сирискиот курдски национален совет (ENKS).
Сирискиот курдски национален совет (ENKS) многу години е познат по својата блискост со Курдската демократска партија, предводена од Месут Барзани. Големите и малите партии кои се наоѓаат под Сирискиот курдски национален совет (ENKS) работат со финансиска поддршка и покровителство на семејството Барзани.