Büşra Selvi Öğütcen
18 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
ФОРТ ЛОДЕРДЕЈЛ
Две лица загинаа во оружен напад извршен на автобус во американската сојузна држава Флорида, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставници на полицијата од областа Брауард на Флорида информираа дека е пукано врз автобусот во моментот додека минувал во близина на полициската станица Форт Лодердејл, по што автобусот удрил во возилата што се наоѓале во неговата близина.
Надлежните соопштија дека на местото на нападот починало едно лице што се наоѓало во автобусот, а друго рането лице им подлегнало на повредите во болницата во која е пренесено. Под лекарски третман во болницата се 2 ранети лица.
Надлежните органи соопштија дека на местото на нападот им била укажана помош на тројца повредени од возилото во кое удрил автобусот, додавајќи дека напаѓачот е приведен.