Mücahit Oktay
23 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку две лица загинаа, а над 40 се повредени во торнадо во Мичиген, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во градот Гејлорд во Мичиген, каде што нема систем за предупредување, торнадото уништи покриви на куќи и предизвика материјална штета на компаниите.
Во градот со 4.200 жители, две лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во торнадото коешто се движело со брзина од 225 километри на час.
Очевидци изјавија дека тој поминал низ градот за три минути.
Торнадото ги превртело најголемите камиони и уништило куќи.
Експертите посочуваат дека слично невреме во регионот последен пат е забележано во 1998 година и дека жителите на регионот, навикнати на снежни бури, се подложни на торнада.
Во сојузната држава Колорадо 210.000 луѓе останаа без струја поради ненадејна снежна бура.
Локалните телевизиски канали наведуваат дека во последните денови од пролетта во некои области паднало 51 сантиметри снег, што е многу необично.