Emre Gürkan Abay
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
МОСКВА
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Москва ги предупреди своите граѓани за можни терористички напади во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Американската амбасада им се порачува на американските граѓани во Русија да се држат настрана од јавни места во Москва и Санкт Петербург.
„Според извори на медиумите, постои закана од напади врз трговски центри, железнички и метро станици во Москва и Санкт Петербург, јавни места во другите поголеми градови, како и во областите на ескалација на тензиите покрај границата на Русија со Украина“, се вели во соопштението.
На граѓаните на САД им се советува да ги разгледаат нивните лични планови за безбедност, а исто така треба да имаат планови за евакуација независни од помошта на американската Влада.
На соопштението на Американската амбасада реагираше портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
„Дали преку заеднички канали им ги пренесовте овие информации на вашите руски колеги? Ако не, како да го разбереме сето ова?“, праша Захарова во писмената реакција.