Jeyhun Aliyev
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
КРАМАТОРСК (АА) - Украина доцна синоќа објави за 74 инциденти на гранатирање од страна на руската армија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од нив, 64 инциденти се случиле од оружје забрането според договорот од Минск 2015 година, кој има за цел да се стави крај на конфликтот помеѓу проруските сепаратисти и Киев со источна Украина.
Условите на договорите вклучуваа прекин на огнот во регионот, размена на затвореници, повлекување на проруски групи, истовремено дозволувајќи му на Киев да направи уставен амандман со кој Донбас ќе добие специјален статус.
Сепак, нивната имплементација беше попречена од повеќекратни наводи за прекршувања од двете страни.
Украинските територии кои наводно биле нападнати се Станица Луханска, Шастија, Новотошкивске, Золоте, Попасна, Свитлодарск, Пивден, Авдиивка, Пески, Маринка, Бохданивка Хранитне и Мариупол.
Драстично се зголемија тензиите во источна Украина, со зголемен број на прекршувања на примирјето, бројни инциденти со гранатирање и евакуација на цивили од проруските сепаратистички региони на Донеск и Луганск.
Западните земја ја обвинија Русија за собирање на повеќе од 100.000 војници во близина на Украина, предизвикувајќи страв дека можеби планира нова воена офанзива против нејзиниот поранешен советски сосед.
Москва постојано негира било каков план да ја нападне Украина и ги обвини западните земји за поткопување на безбедноста на Русија преку проширување на НАТО кон нејзините граници.