свет

САД во разговори со Грција за купување артилериски гранати за Украина

САД планираат да купат 50.000 гранати со калибар од 105 мм, 20.000 со калибар од 155 мм и 5.000 поголеми гранати со калибар од 203 мм со цел да ги надополнат украинските залихи

Ahmet Gençtürk  | 29.11.2023 - Обновена : 30.11.2023
САД во разговори со Грција за купување артилериски гранати за Украина

АТИНА (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) преговараат со Грција за купување артилериски гранати за Украина, пренесува Анадолу.

САД планираат да купат 50.000 гранати со калибар од 105 мм, 20.000 со калибар од 155 мм и 5.000 поголеми гранати со калибар од 203 мм со цел да ги надополнат украинските залихи, објави весникот „Катимерини“, и се додава дека преговорите се во завршна фаза.

Се истакнува дека вкупната цена за којашто преговара грчката страна е 47 милиони долари.

Европската Унија вети дека ќе му обезбеди на Киев еден милион парчиња артилериска муниција со калибар од 155 милиметри до март следната година.

Но, германскиот министер за одбрана Борис Писториус на 14 ноември предупреди дека ветувањето нема да биде исполнето.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на 17 ноември објави дека испораката на гранати од западните сојузници на земјата значително е забавена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.