свет

САД: Во пожар во Калифорнија смртно настрада едно лице

Поради мерките на претпазливост воведени поради пожарот, на некои места, вклучувајќи ја и долината Јосемит, е прекинато снабдувањето со електрична енергија и за сообраќај е затворена главната делница кон Националниот парк Јосемит

Zehra Ulucak  | 16.07.2018 - Обновена : 17.07.2018
САД: Во пожар во Калифорнија смртно настрада едно лице АА/Архива

Маriposa

МАРИПОСА (АА) - Во пожарот кој избувна во подрачјето на Марипоса, во сојузната американска држава Калифорнија, смртно настрада најмалку едно лице, а подрачјето од 18 квадратни километри се претвори во пепел, јавува Anadolu Agency (AA).

Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека за време на гаснењето на пожарот во саботата настрадалo едно лице.

Официјалните претставници истакнаа дека поради мерките на претпазливост воведени поради пожарот што сè уште не е ставен под контрола, на некои места, вклучувајќи ја и долината Јосемит, е прекинато снабдувањето со електрична енергија и за сообраќај е затворена главната делница кон Националниот парк Јосемит.

Мајк Сејмур, од американската Управа за шуми, изјави дека пожарот избувнал во близина на западната граница на националниот парк Јосемит, но дека ветрот брзо го проширил со што зафатил површина од 18 квадратни километри.

Температурите од 35 степени Целзиусови и недостапниот терен го отежнуваат ставањето на пожарот под контрола.

Шерифот на Марипоса нареди евакуација на населението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.