Mücahit Oktay
10 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
ЊУЈОРК (АА) – Во голем број градови во Соединетите Американски Држави (САД) во 2021 година случаите на убиства достигнаа историски нивоа уште пред крајот на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавите на полициските службеници објавени во американските медиуми, случаите на убиства во најмалку 12 големи градови во САД значително се зголемиле во 2021 година.
Во Филаделфија, град со приближно 1,5 милиони жители, на крајот на првата недела од декември, случаите на убиства се зголемени за 521 во споредба со минатата година, 443 во Њујорк и за 352 во Лос Анџелес до 27 ноември.
Растот на бројот на убиства во овие градови откриваат дека оваа година се регистрирани 13 отсто повеќе убиства во споредба со 2020 година. Чикаго е град со најголем број убиства во земјата, со евидентирани 739 убиства заклучно со крајот на ноември.
Во 1970 година бројот на убиства во Чикаго достигна 974.
- Пензионирањето влијае на стапката на убиства -
Во американските медиуми се истакнува дека постои директна корелација помеѓу зголемувањето на стапката на пензионирање во полицијата во последните години и зголемувањето на случаите на убиства.
Истражувањето објавено во јуни од страна на Форумот за истражување на полициските сили покажа дека стапката на пензионирање во полициските одделенија на национално ниво се зголемила за 45 проценти во 2020 и 2021 година.
Според истражувањето, 18 отсто од државните службеници поднеле оставка поради протестите за социјална правда низ целата земја и повиците за намалување на финансирањето на органите за спроведување на законот по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.
Според податоците на Федералното биро за истраги (ФБИ), убиствата во САД се зголемиле за речиси 30 отсто во 2020 година во споредба со претходната година, што е најголем годишен скок откако агенцијата почна да води евиденција во последните 60 години.