свет

САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 надмина 103 илјади

САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија

Islam Doğru  | 29.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
САД: Бројот на починати лица од Ковид-19 надмина 103 илјади

ЊУЈОРК

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.182 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 103.379 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.

Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 22.612 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.770.330.

Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.182 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 103.379.

Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 438.812 откриени случаи, Русија со 387.623 откриени случау, и Шпанија со 284.986 откриени случаи.

Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.

Во Њујорк откриени се 376.309 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 29.653 лица.

Во САД досега се извршени околу 16 милиони 350 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус достигна речиси 500.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.