Büşra Nur Çakmak
17 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
АНКАРА
Реакцијата на американската полиција на тепачката помеѓу двајца тинејџери во трговски центар предизвика бес на социјалните мрежи, јавува Агенција Анадолија (АА).
На видеото се гледа како двајца тинејџери се расправаат, а потоа почнуваат да се удираат во трговскиот центар „Бриџвотер Комонс“ во Њу Џерси.
Двајца полицајци пристигнуваат на местото и ја прекинуваат тепачката. Сепак, полицијата му става лисици само на тинејџерот црнец и го фрла на земја.
Полицајката потоа го става своето колено на вратот на тинејџерот црнец, додека полицаецот му става лисици.
На другиот тинејџер, со кого си разменуваше тупаници, не му беа ставени лисици, а полицајката изгледа како да разговара со него на софа.
Може да се чуе како луѓето кои го снимале инцидентот велат: „Тоа е затоа што е црн. Расно мотивирани.“
„АБЦ Њуз“ (ABC News) обајви дека Одделот за внатрешни работи на Обвинителството на округот Сомерсет започнал внатрешна истрага.
Полицијата исто така побара од јавноста да сподели дополнителни видеа доколку има такви.
Во 2020 година, смртта на Џорџ Флојд снимена со мобилен телефон од случаен минувач предизвика протести низ светот, при што некои од нив станаа насилни и доведе до национално пресметување на граѓаните од црната раса и полицијата во САД.