Servet Günerigök
15 Март 2023•Ажурирај: 16 Март 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Припадник на американската воена служба пронајден е вчера во безживотна состојба на паркингот пред Пентагон, пренесува Анадолу.
„Оперативниот центар на Пентагон прими повик со барање за проверка на состојбата на припадник на воената служба околу 15:30 часот“, соопшти портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
Полицијата го нашла безживотното тело на припадникот на воената служба во неговиот автомобил.
Рајдер изјави дека итната медицинска помош од округот Арлингтон пристигнала на местото на настанот и констатирала смрт.
Во тек е истрага за утврдување на причините за настанот.