Cüneyt Karadağ
15 Март 2023•Ажурирај: 16 Март 2023
БЕРЛИН (АА) - Приведени се 5 осомничени лица за шверцување на луѓе во операцијата спроведена во рамки на борбата против шверцување на луѓе во германскиот главен град Берлин, како и во градот Хале ан дер Зале, пренесува Анадолу.
Според полициското соопштение, во Берлин и Хале ан дер Зале е спроведена операција со учество на 400 полицајци со цел спречување на шверцувањето на луѓе.
Во соопштението се нагласува дека во рамки на операцијата биле извршени рации на 20 локации, а приведени се 5 осомничени за шверцување на луѓе.
Се тврди дека оваа банда, чии членови се и од турско и германско државјанство, шверцувала луѓе од Туркије и Ирак во Германија.
Исто така, се истакнува дека бандата ги шверцувала луѓето со авион од Истанбул во Сараево, а потоа преку патот наречен „балканска рута“, со возила ги транспортирала во Германија.
Според соопштеното, бандата досега шверцувала најмалку 90 лица во Германија.