свет

САД: 10 лица загинаа во сообраќајна несреќа на минибус кој превезувал мигранти

- Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа на минибус со мигранти во американската сојузна држава Тексас

Sümeyye Dilara Dinçer  | 05.08.2021 - Обновена : 11.08.2021
САД: 10 лица загинаа во сообраќајна несреќа на минибус кој превезувал мигранти Фото: Илустрација

ЕНСИНО 

Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа на минибус со мигранти во американската сојузна држава Тексас, известува Агенција Анадолија (АА).

Властите објавија дека несреќата се случила на 80 километри од градот Мекален, Тексас.

Наредникот Натан Брендли од Одделот за јавна безбедност на Тексас изјави дека минибусот со капацитет од 15 лица, превезувал патници над дозволеното. Возачот на минибусот во еден момент изгубил контрола над возилото и удрил во електричен столб и во сообраќајниот знак.

Брендли соопшти дека во несреќата животот го загубиле 10 лица и додаде дека 20-мина повредени се во тешка здравствена состојба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın