Handan Kazancı
22 Јануари 2023•Ажурирај: 23 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во пукање во танцов клуб каде се организирал дочек на лунарната Нова година, во близина на Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави, соопшти полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку 10 лица се повредени кога напаѓач отворил оган во танцов клуб во Монтереј Парк синоќа, објави „Лос Анџелес тајмс“, цитирајќи го Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес.
Инцидентот се случил во салата за танцување околу 22:20 часот по локално време во Монтереј Парк, објави весникот „ЛА дејли њуз“, цитирајќи го Одделот на шерифот на Лос Анџелес. „Станува збор за изолиран инцидент“, изјави заменичката на шерифот Трејси Кернер.
Според „Лос Анџелес тајмс“, местото каде што се случило пукањето се наоѓа на Авенијата „Гарви“. Цитирајќи извор од органите на законот, весникот наведува дека бројот на жртви може да биде над десетина лица.
Лоциран во источниот дел на градот Калифорнија, Монтереј Парк има околу 61.000 жители од кои околу 65 отсто се со азиско потекло, објави „Дејли њуз“.